24фудбал

ПСЖ не губи време, Нејмар е „светец“, го привлекла амбицијата а не парите

ПСЖ го потврди рекордниот трансфер на Нејмар, Бразилецот вечерва стави потпис на пет годишен договор и се обврза кон „Светците“ до 2022

Франција

Крај на трансфер сагата на Нејмар, напаѓачот е нов член на ПСЖ, вечерва стигна официјална потврда.

Денот започна со одбивање на Ла Лига да ги прими парите за активирање на откупната клаузула на Бразилецот, на Барса не можеше да стори ништо кога попладнево адвокатите на играчот им го доставија чекот.

Откако Нејмар си го откупи договорот од Барса за 222 милиони евра, вечерва стана нов играч на ПСЖ.

„ПСЖ е многу среќен што може да соопшти дека Нејмар е нов член на тимот. Бразилецот стави потпис на пет годишен договор и се обврза до 30. јуни 2022“ – гласеше известувањето.

Во Париз тој ќе стане еден од најплатените играчи во Европа со 30 милиони евра по сезона, а трансферот во ПСЖ ќе му донесе уште десетици милиони евра во бонуси на него и неговото семејство

Но секако, амбицијата на „Светците“ е таа која го привлекла Нејмар: „Многу сум среќен што се преселив во ПСЖ“.

„Откако пристигнав во Европа, клубот постојано беше еден од најконкурентните и најамбициозните“.

„Најголемиот предизвик, она што најмногу ме мотивираше да пристигнам тука е да помогнам да се освојат титулите кои ги посакуваат фановите“.

„Ме привлече амбицијата на ПСЖ. Играв четири години во Европа и подготвен сум за овој предизвик“.

„Ќе го дадам максимумот да им пмогнам на новите соиграчи да отвориме нови хоризонти за овој клуб и да донесеме радост на милионите фанови ширум светот“.