24фудбал

Со парите кои ПСЖ ги даде за Нејмар, можете да ја покриете цела Барселона во шпагети

Се случи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, ПСЖ со неверојатни 222 милиони евра го купи Нејмар, па многумина почнаа да пресметуваат што може да се направи со толку голема сума на пари.

Франција

Една од најинтересните пресметки е на еден твитерџија кој вели дека со сумата од 198 милиони фунти (222 милиони евра), можете целиот град Барселона да го покриете со шпагети.


Едно пакетче шпагети од 500 грама чини пола фунта, а трансферот на Нејмар 198 милиони фунти. Тоа значи дека може да купите 396 милиони пакетчиња шпагети.

Со едно пакетче шпагети можат да се покрие простор од 0,26 метри квадратни. 

Купените шпагети за 198 милиони фунти можат да покријат 102,960,000. метри квадратни, а градот Барселона има површина од 101,900,000 метри квадратни. 

Низ социјалните мрежи и медиумите се појавија и многу други пресметки, еве дел од нив:

- Со парите потрошени за купување на Нејмар, може да платите по едно шишање за сите жители на Франција

- Може да купите 1,089 автомобили од марката Ферари

- 332,220 ајфони 7с

- Може да купите четири состави на новиот Премиерлигаш Хадерсфилд, чија вредност се проценува на 52 милиони фунти.