24фудбал

Извлечени паровите за плејофот во Лигата на шампионите

Познати се двојките за последното квалификациско коло на патот до групната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Најинтересна се чини дека ќе биде пресметката помеѓу Наполи и Ница, а интересен може да биде и дуелот помеѓу Хофенхајм и Ливерпул.

Копенхаген кој го елиминираше Вардар, ќе игра против Карабах. Ристовски и Жута со Ријека ќе играат против Олимпијакос.

Плејоф двојките за Лигата на шампионите:

Карабах - Копенхаген

АПОЕЛ - Славија Прага

Олимпијакос - Ријека

Селтик - Астана

Хапоел Бер Шева - Марибор

Истанбул Башакшехир - Севиља

Јанг Бојс - ЦСКА Москва

Наполи - Ница

Хофенхајм - Ливерпул

Спортинг Лисабон - Стеауа


Првите натпревари се играат на 15 и 16 август, реваншите се седум дена подоцна.