24фудбал

Дали ова е чекот од 222 милиони евра со кој Нејмар си го откупи договорот од Барса? (ФОТО)

На социјалните мрежи се појви фотографија од чек за кој се вели дека оној вредниот 222 милиони со кој Нејмар оваа недела си го откупи договорот од Барселона

Шпанија

Адвокатите на Бразилецот во четвртокот пристигнаа во Мадрид во канцелариите на Ла Лига и доставија чек вреден 222 милиони евра за да ја активираат откупната клаузула на играчот.

Ла Лига ги одби со образложение дека не знае какво е потеклото на парите, па адвокатите се уаптија кон Барселона.

Попладнето тие во канцелариите на Барса на Камп Ноу го доставија чекот, „Каталонците“ немаа друг избор освен да ја прифатат уплатата, па Нејмар си го откупи договорот.

Тој неколку часа подоцна потпиша за ПСЖ и вчера беше презентиран како новото големо засилување на „Светците“.

По презентацијата во Париз, на социјалните мрежи почна да кружи фотографија од чек за кој се вели дека е оној вредниот 222 милиони со кој Нејмар си го откупи договорот од Барселона.

Чекот е од Националната Банка на Катар, земјата која го поседува ПСЖ.

Но до овој момент никој не ја потврди автентичноста на чекот.