24фудбал

Јуриќ не го пушта Пандев но Мурињо порачува: Приватен авион прави чуда

Жозе Мурињо има решение за проблемите на популарниот Гоче, „Специјалниот“ предлага Горан Пандев со приватен авион да долета во Скопје за Суперкупот на Европа

Останато

На инсистирање на Португалецот, Горан Пандев во 2010 се врати на Џузепе Меаца и заедно испашаа историја таа сезона со тројната титула и триумф во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Македонецот е амбасадор на Суперкупот на Европа но нема дозвола од тренерот Јуриќ да присуствува на спектаклот во Скопје.

Жозе Мурињо не сака да му се меша во работата на својот колега, но предлага Горан Пандев со приватен авион да пристигне на неколку часа и веднаш да се врати во Џенова.

„Не сакам да се ставам во позиција во која тренерот на Џенова ќе ми рече: „Жозе ова не е твоја работа“. Пандев е најдобриот играч во историјата на Македонија, ова е специјален момент за неговата држава и верувам дека со приватен авион се прават чуда... – вели менаџерот на Манчестер јунајтед.

„Може да дојде само за мечот и да си оди.