24фудбал

Многу емоции на Камп Ноу, тројцата преживеани фудбалери на Чапекоенсе сами излегоа на дуелот со Барса (ВИДЕО)

Тројцата преживеани фудбалери на Чапекоенсе, Нето Фолман и Рушел сами излегоа на Камп Ноу пред почетокот на пријателскиот меч против Барселона, солзите тешко можеше да се задржат.

Јужна Америка

Барселона и Чапекоенсе одиграа пријателски натпревар на Камп Ноу, на кој Каталонците победија со убедливи 5-0.

Но, победата на Барселона беше во сенка на емотивниот момент кој се случи на почетокот од мечот.

На стартот излегоа само преживеаните тројца фудбалери од големата авионска несреќа, беа наградени со голем аплауз од публиката, но не можеа да ги задржат солзите.

Потоа на сцена стапи новиот тим на Чапекоенсе кој го играше мечот со Барселона.