24фудбал

Барселона ја активираше откупната клаузула за Паулињо, Бразилецот пристигнува на „Камп Ноу“

Се погласни се шпекулациите дека Барселона постигнала договор со Гвангжу околу Бразилецот.

Шпанија

Утрово „Дејли меил“ пренесе дека 29 годишниот Бразилец од редовите на кинески Гвангжу, Паулињо во следните неколку денови ќе го официјализира трансферот во Барселона.

Според информациите, Барселона ќе го комплетира трансферот за сума од 40 милиони евра, онолку колку што изнесува неговата откупна клаузула со водечката екипа во кинеското првенство во моментов.