24фудбал

Лордот се врати: Мајсторија на Бендтнер (ВИДЕО)

Данецот стигна до осмиот гол сезонава во дресот на неговата најнова авантура во кариерата, норвешки Розенборг.

Останато

Розенборг славеше на гостувањето кај Молде во дерби мечот од норвешката „Елитесериен“, пресвртот за 1-2 го најави популарниот „Лорд“, Никлас Бендтнер.

29 годишниот напаѓач во 73. минута постигна убав гол за својот тим, кој до крајот постигна уште еден за три бода од ова тешко гостување.