24фудбал

Манчестер Сити не дозволи изненадување, „Граѓаните“ со три бода од гостувањето кај Брајтон (ВИДЕО)

„Граѓаните“ тргнаа со победа во новата сезона од англиската Премиерлига, совладан новајлијата во елитното друштво.

Англија

Манчестер Сити со триумф од 0-2 се враќа од гостувањето кај Брајтон, откако во првите 45 минути игра мрежите мируваа.

Агуеро во 70. минута ги доведе гостите во водство од 0-1, додека пак печат на победата стави Данк со својот автогол само пет минути потоа.

Домаќините имаа свои моменти на мечот, меѓутоа тие беа минимално опасни за да ги загрозат амбициите на еден од главните претенденти за титулата во Премиерлигата сезонава.