24фудбал

Импресивно: Шкендија ја објави бројката гледачи за дербито со Вардар

Вицепрвакот со победа ја почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, и тоа против директниот ривал за титулата.

Македонија

Шкендија со 2-0 беше подобра од бранителот на титулата во нашиот шампионат, уште во воведното коло од Првата Лига на Македонија, стрелци на головите за победникот беа Алими и Жуниор.

Шкендија со дрон ја снимаше „Еколог“ арената во Тетово пред стартот на големото дерби, еве како сето тоа изгледаше(ВИДЕО)

Официјалниот клупски сајт на тетовските црвено-црни излезе со официјална бројка на гледачи кои присуствуваа на стадионот во Тетово, а таа изнесува 10,000.


(сајтот на Шкендија притоа по грешка си додаде и плус еден гол)

Имало и повеќе гледачи на домашниот терен на Шкендија, но ова е бројка која е респектабилна, барем за наши услови.