24фудбал

Дали Конте намерно одбра послаб тим против Барнли за да испрати порака до управата?!

Медиумите од „Островото“ прашуваат дали Антонио Конте намерно одбрал послаб тим против Барнли за да изврши притисок врз управата на клубот во обидите да пристигнат уште неколку засилувања

Англија

Челси неочекувано загуби на стартот од новата сезона во Премиерлигата, на Стемфорд Бриџ, Барнли славеше со 2-3.

По натпреварот, медиумите фрлија сомнеж врз изборот на Антонио Конте за овој натпревар и прашаа дали стратегот намерно одбрал послаб тим за да испрати порака до управата.

Имено, Италијанецот во неколку наврати се пожали дека му се потребни уште неколку играчи и повика од лидерите на клубот да донесат засилувања.

Младиот Бога беше стартер, додека на клупата за резерви имаше место за Шарли Мусонда, Кајл Скот, Фикајо Томори и Кенеди.

„Зошто ми поставувате вакво прашање? Не бевте задоволни од стартниот тим?“ - одговори Конте кога беше запрашан дали врз неговиот избор влијаело и незадоволството од трансфер политиката на Челси ова лето.

„Очигледно не ме знаете доволно добро. И на подготовките играв со најдобар тим, а истото беше и денеска“.

„Ги ставив најдобрите играчи кои ги имам во овој момент. Не ми се допаѓаат овие работи, и тоа дали сум сакал да испратам порака. Зошто би го сторил тоа?“