24фудбал

Џерард знае каков ултиматум му поставила Барса на Кутињо за Бразилецот да влезе во војна со Ливерпул

Легендата на „Црвените“, Стивен Џерард ја прокоментира војната во која влегоа клубот и Филипе Кутињо, вели дека Барселона е виновна за сето ова

Англија

Филипе Кутињо вчера достави формално барање за трансфер откако сопствениците на Ливерпул порачаа дека играчот нема да биде продаден.

Бразилецот веќе се договори со Барса и чекаше двата клуба да постигнат договор во пријателски преговори.

Но кога виде дека „Црвените“ нема шанси да попуштат се реши на драстичен чекор и влезе во војна со клубот.

Стивен Џерард вели дека за ова е крива Барселона и верува дека „Каталонците“ му поставиле ултиматум на Филипе Кутињо.

„Проблемот е Барселона, на неговите агенти тие сигурно им рекле, „Сега или никогаш. Доколку не пристигне ова лето, втора шанса за трансфер нама да има“. Па тие вршат притисок врз играчот и затоа Филипе Кутињо реагираше вака – вели легендата на Ливерпул.

„Момците кои доаѓаат од Јужна Америка сонуваат да играат за Барселона, и него сега го фаќа паника дека никогаш нема да потпише за нив доколку не ја искористи оваа шанса.