24фудбал

Каква грешка, Барса се ценкала за Асенсио а без проблем ја платила бараната сума за Даглас

Медиумите од Шпанија се навраќаат на минатото и пишуваат за катастрофална грешка на управата на Барса која дозволила Марко Асенсио да им избега и да потпише за лутиот ривал Реал Мадрид

Шпанија

Младиот Шпанец е вистински хит последниве 12 месеци откако минатото лето доби шанса да дебитира за првиот тим на Реал Мадрид.

За неговиот трансфер на Сантијаго Бернабеу ургирал и Рафаел Надал, но приказната можела да биде сосема поинаква доколку лидерите на Барселона не биле скржави.

Како што пренесуваат медиумите од Кталонија, Барса прва започнала преговори со Мајорка и двете страни за кратко време си подале рака за трансфер вреден околу 4 милиони евра.

Но клубовите не можеле да пронајдат заеднички јазик околу начинот на плаќањето. Мајорка инсистирала целата сума да биде платена однапред, а Барса пак се обидувала да издејствува развлекување на исплатата во неколку години.

Реал Мадрид го искористи ценкањето на лутиот ривал, и за 3,9 милиони евра го купи Марко Асенсио.

Само за споредба, истата така година Барселона без проблем плати 4 милиони евра, плус уште 1,5 милиони евра во бонуси за Даглас, кој важи за еден од најлошите трансфери на „Каталонците“.