24фудбал

Трагичар на вечерта, дефанзивец на Јанг Бојс си постигна смешен автогол во 91. минута (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Јанг Бојс, Касим Адамс Нуху е трагичар на вечерта во Лигата на шампионите, и подари победа на ЦСКА Москва откако го лобуваше својот голман во судиското надополнување

Лига на Шампиони

Натпреварите од плеј-офот од Лигата на шампионите се многу клучни, не само што носат елитен фудбал туки и голема парична придобивка.

Разликата помеѓу Лигата на шампионите и Лига Европа е десетици милиони евра, па никој не сака да се сопне на последната пречка.

И додека тинејџерот Арнолд се промовираше со прекрсен гол од слободен удар, дефанзивецот на Јанг Бојс, Касим Адамс Нуху имаше вечер за заборав.

Тој не виде дека неговиот голман е истрчан, па од 16 метри во обид да му ја врати топката ефектно го лобоваше со глава, и со смешен автогол во 91. минута и подари победа на ЦСКА Москва.