24фудбал

Вардар го промовираше Чеде Јаневски за нов тренер: Среќен сум што се враќам во оваа фамилија

Вардар денеска го промовираше Чедомир Јаневски за нов тренер на првиот тим, тој потпиша две годишен договор со македонскиот шампион.

Македонија

Чедомир Јаневски се враќа во Вардар, овој пат во улога на тренер, тој доаѓа на местото од Гоце Седлоски кој си поднесе оставка.

Јаневски е среќен што повторно е дел од црвено-црната фамилија. Ветува професионална работа и трофеи.

„Сакам да се заблагодарам на управата на Вардар што ми овозможи да се вратам во клубот каде што ја добив најголемата афирмација, каде што ја направив својата кариера. Среќен сум што повторно сум во оваа фамилија и се надевам со една професионална работа заедно со стручниот штаб и фудбалерите ќе продолжиме да придонесуваме за развојот на Вардар и македонскиот фудбал да го преставуваме како што треба на меѓународна сцена“, вели Чеде Јаневски.

„Вардар е најголемиот бренд во Македонија, среќен сум што тука, пред мене е и чичко Дончо, човекот кој ја правеше таа славна генерација на нашиот клуб. Чест и обврска е да се работи за овој клуб кој ги има сите услови, знам дека со овие инвестиции кои се во последно време во Вардар клубот треба да учествува во една завршница на големо натпреварување, но за тоа да се случи треба сите да работиме напорно“.

„Сакам да ветам дека професионално ќе работам со стручниот штаб и фудбалерите со цел да ги оствариме целите а тоа е освојување на трофеи, Вардар со помалку не е задоволен“.