24фудбал

Османи: Шкендија не е дојдена на прошетка во Милано

Иако е свесна дека е голем аутсајдер во дуелот со Милан, Шкендија не планира предвреме да се предаде, утре ќе се обиде да се промовира во најдобро светло на легендарниот „Сан Сиро“.

Лига на Шампиони

Шкендија утре ја почнува големата пресметка со Милан кој со реновиран тим цели кон пласман во групната фаза од Лига Европа.

Македонскиот вицешампион не сака лесно да ја продаде кожата, иако јасно е дека Милан е апсолутен фаворит.

„Големо задоволство ни е што ќе играме со голем тим каков што е Милан. Но не сме дојдени во Милано на прошетка, не планираме пред време да се предадеме, туку сакаме да се прикажеме во најдобро издание“ - вели тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

„Јасно ни е дека Милан е огромен фаворит, ќе игра пред својата публика на „Сан Сиро“ и ќе има голем притисок да победи. Ние покажавме дека играме добро во Европа оваа година и сакаме така да биде и утре“.

Слично размислува и Ферхан Хасани, тој вели дека атмосферата во тимот е како никогаш досега.

„Имаме одлична атмосфера во тимот, таа е како никогаш досега и тоа ни дава надеж дека ќе одиграме добро на Сан Сиро. Притисокот не е врз нас, а тоа е добра можност да се покажеме во најдобро светло. Ние нема што да загубиме, а можеме многу да добиеме“ - вели Ферхан Хасани.

Фото: ФК Шкендија