24фудбал

На проблемите на Барса им нема крај, Луис Суарез во „аут“ месец дена

Нови главоболки за „Каталонците“, Луис Суарез поради повреда на коленото ќе биде надвор од стројот помеѓу четири и пет недели

Шпанија

Уругваецот вчерашниот дуел на Санијаго Бернабеу го заврши со болна гримаса, и камерите во неколку наврати го уловија кон финишот на натпреварот како се држи за десното колено.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Луис Суарез поради оваа повреда ќе биде во „аут“ месец дена.

Ваквите лоши вести ги потврди и Фудбалската Федерација на Уругвај, според која напаѓачот ќе биде надвор од стројот помеѓу четири и пет недели.

По заминувањето на Нејмар и лошата форма на стартот од сезоната, ова е само нова главоболка за Барселона и тренерот Ернесто Валверде.