24фудбал

Одлична вест за сите оние кои нема да бидат на трибините од мечот Вардар – Фенербахче

Оние кои нема да бидат на трибините од „Телеком Арената“ во Скопје, за вечерашниот меч помеѓу Вардар и Фенербахче, истиот ќе може да го проследат пред малите екрани.

Македонија

Според информациите кои пристигнуваат, мечот помеѓу Вардар и Фенербахче, во првиот дуел помеѓу овие две екипи од плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа, ќе биде во живо пренесуван низ директен пренос на Телевизија Нова.

Оваа информација е потврдена и на официјалниот сајт на домаќинот на вечерашниот меч кој стартува со почеток од 20 часот.


Извор: fkvardar.mk

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал)