24фудбал

Фенербахче ем со мислите во двомечот со Вардар, ем со „новото“ засилување кое пристигнува од Валенсија

Турскиот гигант од една страна со мислите во двомечот со Вардар, од друга страна склопува тим за групите од Лига Европа.

Македонија

По ангажманот на напаѓачот Роберто Солдадо, Фенербахче не запира со креирање на конкурентен состав во Европа Лигата, а истовремено и битка за титулата во Турција.

Гигантот од Истанбул се поврзува со искусниот 31 годишен офанзивец Фабиан Орелјана кој ланската сезона ја мина во Валенсија како позајмен од Селта, одигра 16 натпревари а притоа постигна и еден погодок. Валенсија го откупи неговиот договор, но се чини дека за него нема место во идеите и плановите на новиот тренер Марселињо.


Чилеанецот, барем како што пренесуваат медиумите во Турција е близу договор со Фенербахче кој вечерва (20,00 часот) го игра првиот дуел против нашиот првак Вардар, во првата пресметка помеѓу овие две екипи од плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа.