24фудбал

Фенербахче напаѓаше, Вардар погоди, нашиот шампион води по првите 45 минути игра во Скопје (ВИДЕО)

Полувреме од мечот Вардар – Фенербахче, во првиот дуел помеѓу овие две екипи од плејоф рундата во квалификациите за Лига Европа.

Македонија

Вардар под палката на новиот тренер Чедомир Јаневски има минимално водство на полувремето против гигантот од Истанбул, пред својата публика.

Првата посериозна шанса за погодок ја имаа гостите, меѓутоа имаше правовремена реакција на Демири во 8. минута кој расчисти пред топката да стигне до Ќосе, кој беше во извонредна позиција да погоди.

Гостите дојдоа до нов обид, овој пат преку Шенер во 16. минута а истиот тој биеше над голот на Вардар.

Фенербахче го диктираше темпото на играта, ги имаше шансите, но нашиот претставник прв ја затресе мрежата од голот.

Вардар поведе со 1-0 против Фенербахче во 20. минута со погодокот на Барсегјан, кој доби прилика да настапи во шпицот на нападот на нашиот шампион за вечерашната прва пресметка помеѓу обата клуба во плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа, поради трансферот на Балотели во Катар.


Потук имаше одлична шанса да израмни, но неговиот удар во 35. минута беше одбранет на фантастичен начин од вардаровиот голман Гачевски.

Избраниците на Чедомир Јаневски го задржаа водството до крајот на првите 45 минути игра, нашиот првак игра мошне сконцентрирано на теренот и пред сезрело.

Ќе издвоиме дека гостите беа мошне поактивни во нападите и имаа повеќе посериозни шанси во текот на првото полувреме, но Вардар играше тактички зрело и од овој аспект Јаневски одлично ја постави играта.

Поради трансферот на бразилскиот напаѓач Балотели во Катар, нашиот првак е ослабен во нападот, па Јаневски се реши во шпицот на нападот негова замена да биде Ерменецот Барсегјан.

Вардар: Гачевски, Грнчаров, Спировски, Блажевски, Којашевиќ, Барсегјан, Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Демири и Фелипе (4-2-3-1).

Мечот во Скопје го суди Италијанецот Лука Банти.