24фудбал

Се „крчка“ соработка со гигантот: Шкендија загуби на резултатски план во Милано, но на клупски план доби многу...

Македонскиот вицепрвак со убедлив пораз од 6-0 се враќа од гостувањето кај Милан во првиот дуел помеѓу овие две екипи во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Македонија

Од сето тоа што можевме да го видиме, експедицијата на Шкендија беше сместена во луксузен хотел во Милано, домаќинот добро се погрижи седа биде на професионален план организирано.


Притоа вреди да се издвои и посетата на капитенот и тренерот на тетовските „црвено-црни“ во клупската трофејна соба на италијанскиот гигант.


На сево ова ќе надополниме и за официјалната средба помеѓу раководните лица од страна на Милан и Шкендија, во извршниот директор на италијанскиот гигант, Марко Фасоне и претседателот на Шкендија, Висар Беџети.

И сево ова „зачинето“ со еден гест на италијанскиот клуб пред стартот на мечот во Милано, каде легендата на калчолигашот, Филипо Гали размени дрес со шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи, во „црвено-црна“ комбинација. 

Дали Шкендија ќе има можност да добие некоја посебна соработка со гигантот од Милано, останува да утврдиме во периодот што претстои, но, првичната слика навестува голема добивка за тетовскиот клуб од двомечот со Милан.