24фудбал

Зошто Јуве да понуди 75 милиони евра за Ковачиќ кога откупната клаузула на играчот е 50 милиони евра?

АС денеска излезе со сензационална вест според која Реал Мадрид одбил високи 75 милиони евра од Јувентус за Матео Ковачиќ, сторија која на социјалните мрежи предизвика голема дебата

Шпанија

Кога се во прашање трансфер шпекулациите, низ медиумите има најразлични стории, некои се прилично точни но некои се далеку од реалноста.

Денеска АС излезе со вест дека Јувентус понудил фантастични 75 милиони евра за услугите на Матео Ковачиќ.

Весникот кој е близок до Реал Мадрид, вели дека Зинедин Зидан го смета играчот за клучен дел од тимот и покрај тоа што Хрватот не е стартер, па одбил да даде зелено светло и пропаднала можноста „Кралевите“ добро да заработат со оглед на тоа дека го купија за 35 милиони евра.

Но оваа вест на социјалните мрежи предизвика голема дебата. Неодамна беа објавени сите откупни клаузули во составот на Реал Мадрид, и покрај името на Матео Ковачиќ стоеше бројката 50 милиони евра.

Па многумина прашуват зошто Јувентус понудил 75 милиони за играч кој може да го купи за 50 милиони евра?

Секако постои можност сторијата за откупните клаузули да не е точна во целост, но скептиците постануваат и ново прашање: Зошто добро упатениот италијански новинар Ди Марцио не напиша ништо за една ваква мега зделка?

Само за потсетување, Јувентус оваа недела веќе купи играч со сличен профил како оној на Матео Коваичиќ, во Торино пристигна Блес Матуиди од ПСЖ за 20 милиони евра.