24фудбал

Вардар со убедлив триумф над Победа се загреа за Фенербахче, Итало дебитираше со гол

Вардар со 4-0 ја совлада Победа, Бразилецот Итало постигна гол на својот прв натпревар, Академија Пандев со 2-0 го совлада Скопје за своја прва победа во првата лига, Пелистер и Работнички одиграа нерешено.

Македонија

По поразот од Шкендија во минатото коло, Вардар ја совлада Победа за прв триумф во новата сезона, црвено-црните славеа со 4-0.

Вардар поведе уште во четвртата минута со гол на Барсегјан. На 2-0 зголеми Којашевиќ во финишот од првото полувреме.

Во второто полувреме во игра влезе Итало и не му требаше многу да го даде и првиот гол. Во 68. минута најпрво шутираше убаво со глава, голманот Талески го одбрани неговиот удар, но топката дојде до Итало кој ја смести во мрежата на противникот за водство од 3-0.

До крајот на мечот Фелипе од пенал ги постави конечните 4-0.

Академија Пандев со 2-0 го совлада Скопје и дојде до првата победа во првата фудбалска лига.

Дориев во 6. минута го постигна водечкиот гол за Академија Пандев, а во второто полувреме Мисов ги постави конечните 2-0.

Немаше победник на мечот помеѓу Пелистер и Рабтонички кој заврши нерешено 1-1.

Работнички поведе во 50. минута со гол на Кире Маркоски, но во 66. минута Љамчевски донесе бод за битолчани.