24фудбал

Среќата не беше со Меси, Аргентинецот три пати ја тресеше стативата, но и покрај тоа Барса тргна со победа (ВИДЕО)

Барселона ги надмина сите проблеми на стартот од сезоната и пред своите фанови славеше со 2-0 над Бетис во воведното коло од Примера

Шпанија

Во отсуство на Нејмар, Суарез и Иниеста и нови засилувања за офанзивата, вечерва сите очи беа вперени во Лео Меси, Аргентинецот имаше одличен натпревар но среќата не беше со него.

Тој дури три пати ја тресеше стативата, но и покрај тоа, Барса стигна до триумф од 2-0.

Победникот беше решен во првиот дел во период од 120 секунди.

Најпрво Тошка си постигна автогол во 37. минута, а две минути подоцна Серхи Роберти стрелаше прецизно за 2-0.