24фудбал

Кутињо веќе „пристигна“ на Камп Ноу (ФОТО)

Во исчекување на веста дека Ливерпул конечно ќе попушти и ќе даде зелено светло за продажба на Филипе Кутињо, фан на Барселона веќе се појави на Камп Ноу со дрес на Бразилецот

Шпанија

Следната недела треба да биде клучна за иднината на Филипе Кутињо, Барса не губи надеж и верува дека Ливерпул конечно ќе попушти и ќе дозволи играчот да направи трансфер.

И додека „Каталонците“ се во исчекување на позитивни вести, фан на Барса вечерва со појави на Камп Ноу со дрес на плејмејкерот.

На новиот дрес на Барса беше испишано презимето на Бразилецот и бројот 11, кој претходно беше во сопственост на неговиот сонародник Нејмар.

Останува да се види дали овој навивач ќе биде првиот среќник со дресот од Барселона на Филипе Кутињо, или само ќе служи за потсмев на социјалните мрежи.