24фудбал

Нејмар шоу, Бразилецот ја издрибла цела одбрана на Тулуз и стави точка на натпреварот (ВИДЕО)

Нејмар приреди шоу на Паркот на Принцовите во победата над Тулуз од 6-2, за точка на натпреварот, Бразилецот си погира со целата одбрана на противникот

Франција

ПСЖ има силна офанзивна линија и тоа на своја кожа вечерва го осети Тулуз.

Гостите на големо изненадување поведоа на Паркот на Принцовите преку Градел во 18. минута, но преку Нејамр и Рабио, домаќините го свртеа резултатот во своја корист уште на полувреме.

Верати доби втор жолт картон во 69. минута, но и со играч помалку ПСЖ стигна до убедлива победа.

Единсон Кавани погоди од пенал во 75. минута за 3-1 а Тиаго Силва 180 секунди подоцна си ја затресе сопствената мрежа за 3-2.

Потоа следуваа фуриозни десетина минути, во кои Пасторе и Курзава ги решија сите дилеми околу победникот, а Нејамр во судиското надополнуање ја издрибла цела одбрана на гостите и ја затвори гол серијата за конечни 6-2.