24фудбал

Официјално: Милан потпиша и со Калиниќ

Росонерите не престануваат да се засилуваат, ново име е напаѓачот Никола Калиниќ кој потпиша четиригодишен договор.

Италија

Никола Калиниќ од денеска и официјално е фудбалер на Милан, тој потпиша четиригодишен договор со росонерите и ќе го носи дресот со бројот седум.

„Милан може да соопшти дека го комплетираше трансферот на Никола Калиниќ од Фиорентина, тој потпиша договор до 30 јуни 2021 година“ - се вели во клупското соопштение.

Милан е убедливо најактивниот клуб на трансфер пазарот во летниот преоден рок, под водство на новите газди направија комплетен ремонт на составот.

Нивниот следен натпревар е во Скопје кога во четврток ќе и гостуваат на Шкендија на „Телеком Арената“.