24фудбал

Почна војната, Барса го даде Нејмар на суд и бара 8.5 милиони евра оштета

„Каталонците“ соопштија дека покренале судски процес против Нејмар за прекршување на договорот, Барса од Бразилецот бара оштета од 8,5 милиони евра

Шпанија

Сапуницата Нејмар добива ново продолжение, клубот од Камп Ноу на 11. август поднел тужба пред судот во Барселона.

„Каталонците“ попладнево соопштија дека Нејмар го прекршил договорот, проблем се премиите кои ги добил за тоа што во октомври ја продолжил верноста и бараат оштета од 8,5 милиони евра, како и 10% камата на оваа сума.

Барселона за оваа тужба ја извести Фудбалската Федерација на Шпанија и побара од неа да го проследи целиот случај до Фудбалската Федерација на Франција и ФИФА.

Барса и Нејмар ги заладија односите откако стана јасно дека тој ќе си ја активира откупната клаузула вредна 222 милиони евра за да се пресели во ПСЖ.

„Каталонците“ веќе одбија да му исплатат една премија од 26 милиони евра, и Нејмар најави дека парите ќе си ги бара на суд, но прв конкретен потег повлече токму Барса.