24фудбал

Барсегјан: Имаме шанса да направиме нешто големо и ќе дадеме сè од себе да се случи тоа

Тигран Барсегјан верува дека Вардар со тимска игра може да го победи секој противник и се надева дека од Истанбул ќе се врати со историски резултат.

Македонија

Вардар има одлична предност од 2-0 по првиот меч со Фенербахче. Но јасно е дека македонскиот тим ќе има тешка задача во Истанбул и покрај добриот резултат.

Тигран Барсегјан ја тресеше мрежата на Фенер во Скопје, сака тоа да го направи и во Турција, но вели дека најважен е резултатот.

„Резултатот од првиот натпревар е добар, но не е гаранција дека сигурно ќе поминеме понатаму. Имаме шанса да направиме нешто големо, и ќе дадеме се од себе за поволен резултат на реваншот против Фенербахче. Мораме да бидеме концентрирани во текот на целиот натпревар. Играме против еден голем тим кој што има одлични играчи во своите редови. Меѓутоа на првиот меч и на претходните натпревари покажавме дека ако функционираме како тим, можеме да победиме секого“, вели Барсегјан за официјалниот сајт на Вардар.

„Секако дека мене ми е драго што постигнав гол на првиот натпревар, и нормално посакувам да биде така и на реваншот, но во преден план е Вардар да излезе како севкупен победник. Се надеваме дека тој резултат кој го остваривме ќе биде доволен да одиме во следната фаза и да ги израдуваме сите кои навиваат за нас и нè поддржуваат“.