24фудбал

Четвртата и последна понуда на Барселона за Кутињо е огромна

Според пишувањата на Сан, „Каталонците“ уште еднаш ќе тропнат на вратата на Ливерпул и клубот од Енфилд сега ќе добие мега понуда за услугите на Филипе Кутињо

Англија

Иако вчера се појавија гласини дека Барса се откажува од Филипе Кутињо и играчот бара состанок со лидерите на Ливерпул за да се помират и тој да се врати во составот, денeшното издание на Сан најавува нова понуда.

Весникот вели дека овој четврти и последен предлог ќе биге огромен.

Барселона ќе понуди 100 милиони фунти (околу 110 милиони евра) фиксна сума и 36 милиони фунти (околу 40 милиони евра) во бонуси.

И што е уште поважно, бонусите се поврзани со тоа дали Барселона ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите во следните четири години, што практично значи дека Ливерпул сигурно ќе ги добие овие пари.

Останува да се види дали оваа понуда навистина ќе биде доставена и како ќе реагираат „Црвените“ кои до сега експресно одбија три предлога.