24фудбал

Тухел го менува Конте во Челси?

Според германскиот весник „Билд“, Томас Тухел ќе седне на тренерското столче на Челси на местото од Антонио Конте.

Англија

Челси славеше на гостувањето кај Тотенхем, но тоа не ги подобри односите на Антонио Конте со управата на клубот.

Италијанскиот стратег очекуваше многу подобар преоден рок отколку овој што го има. Клубот ги донесе Бакајоко и Мората, но тие се само замена за Матиќ и Коста.

Сега кога тимот игра и во Лига на шампионите на Челси очајно му треба поширок состав кој го нема, но клубот не му го дава тоа на Антонио Конте.

Раководството на Сините веќе размислува за идниот тренер, а „Билд“ пишува дека изборот паднал на Томас Тухел со кого веќе е разговаранот.

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд треба да го замени Антонио Конте, но се уште е нејасно кога тоа ќе се случи.