24фудбал

Кочаман: Подобри сме од Вардар, утре треба само да го покажеме тоа

Тренерот на Фенербахче, Кочаман верува дека ќе ја остварат нивната цел да се пласираат во групите од Лига Европа и ќе го елиминираат Вардар и покрај негативата од 2-0.

Македонија

Фенербахче со негатива од 2-0 ќе го почне утрешниот натпревар против Вардар од плејофот во Лига Европа, но од турскиот табор се големи оптимисти дека на крајот тие ќе се радуваат.

„Наша цел е да се пласираме во групната фаза од Лига Европа. Резултатот од првиот меч не е таков каков што очекувавме. Но кога ќе го погледнеме натпреварот гледате дека одигравме добар натпревар, а нашиот противник даде два гола по наши грешки“ - вели Кочаман.

„Треба да промениме некои работи. Но желбата е тука, квалитетот го имаме и покрај сите проблеми. Утре очекувам да се прикажеме во добро светло. Да добиеме поддршка од фановите како што ја имавме во последните 20 минути од мечот со Трабзон“.

„Најважно е утре да не примиме гол од Вардар. А ние ќе имаме доволно шанси да дадеме и повеќе од три гола“.

Оптимист е и Мартин Шкртел кој не се покажа во најдобро светло во Скопје каде беше изместен од Барсегјан при првиот гол.

„Пред нас се нови 90 минути и ние веруваме во нашите можности. Веруваме дека можеме да постигнеме доволно голови за да поминеме понатаму. Нема да биде лесно, но можеме да го поминеме Вардар“ - вели Шкртел.

„Не ни е потребна посебна мотивација. Фактот што го носиме дресот на Фенербахче е доволно голема мотивација.