24фудбал

Трансфер пазарот на Барса се претвара во фијаско, Сери повеќе не е желба, но договорен е сонародник на Меси

Обидите на Барса да го засилат тимот по заминувањето на Нејмар стануваат хаотични, последните информации велат дека „Каталонците“ се на чекор до Анхел Ди Марија

Шпанија

Филипе Кутињо и Осман Дембеле беа први желби на Барселона, но Ливерпул веќе одби три понуди, а Борусија Дортмунд инсистира да бидат платени 150 милиони евра за услугите на младиот Французин.

Па „Каталонците“ се приморани да разгледуваат други опции и една алтернатива беше Жан Мишел Сери од Ница.

До вчера се веруваше дека репрезентативецот на БСК е на чекор до Камп Ноу за сума од 40 милиони евра, но денеска се појавија стории кои велат дека Барса се откажува од играчот.

Исто така на агендата има ново име, се работи за поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија.

Весникот Спорт попладнево пренесе дека Аргентинецот и Барса веќе се договориле и „Каталонците“ доставиле понуда вредна 50 милиони евра која ПСЖ ја прифатил и покрај тоа што два клуба не се во најдобри односи.

Останува да се види што ќе се случи во последната недела од летниот преоден рок, но јасно е дека трансфер пазарот на Барса полека се претвара во фијаско.