24фудбал

Монтела: Ќе имаме измени во составот, но сакаме уште еднаш да ја победиме Шкендија

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела потврди дека утре против Шкендија ќе играат со комбиниран состав но вели дека сакаат да победат и во Скопје.

Италија

Милан си ја заврши работата уште на Сан Сиро каде ја победи Шкендија со убедливи 6-0, па утрешниот натпревар ќе им биде само еден посериозен тренинг.

Поради тоа Монтела ќе направи неколку измени во тимот и ќе одмори дел од првотимците.

„Важни ни се и Серија А и Лига Европа и комплетно сме посветени на натпреварот против Шкендија. Но, имаме голем фонд на играчи и тимот ќе биде поразличен. До декември ќе играме на секои три дена, па треба да им дадеме одмор на некои од фудбалерите. За Милан секој натпревар е важен, утре одиме на победа“ - вели Монтела.

„Имаме победа од 6-0 и секако дека веќе се гледаме во групната фаза. Но сакаме и утре да победиме. Мислам дека натпреварот ќе биде поразличен од првиот, противникот ќе наметне поинаков интензитет пред своите гледачи“.