24фудбал

Фенербахче во нови проблеми пред реваншот со Вардар?

Големото засилување за турскиот гигант ова лето, Шпанецот кој требаше да го предводи нападот на Фенербахче за реваншот против Вардар, работеше во специјална програма на денешниот тренинг на својот тим.

Македонија

Турските медиуми во текот на вчерашниот ден пренесоа информација дека холандскиот напаѓач Робин Ван Перси нема да биде во комбинација за утрешната пресметка во Истанбул, а причината за тоа е настинка.

Иако се најавуваше дека нападот на турскиот гигант ќе го предводи големото засилување ова лето, Шпанецот Роберто Солдадо, сепак и оваа опција навидум изгледа под знак прашалник, барем според информациите кои пристигнуваат од денешниот тренинг на избраниците на Ајкут Кочаман.

Солдадо не присуствувал на денешниот тренинг заедно со своите соиграчи, односно работел посебно во специјална програма, а за тоа дали е целосно подготвен за настап на утрешниот натпревар, останува да видиме.

Како за потсетување, искусниот Шпанец во финишот од првата средба во Скопје направи „сценарио“ по кое вардаровиот капитен Бобан Грнчаров заработи исклучување, а неговото место во таборот на нашиот првак треба да го зазеде Дарко Велкоски, за кого се најавува дека е опоравен од повредата.

 

Извор: ntvspor.net

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал, Вардар-Фенербахче)