24фудбал

Чудесната интервенција на Хандановиќ, вредна 15 милиони евра за Марибор! (ВИДЕО)

Искусниот голман ја запали арената „Људски врт“ со својата прекрасна интервенција со која му донесе голем успех на словенечкиот првак.

Останато

Марибор загуби на гостувањето кај Хапоел Бер Шева во првиот меч во Израел со 2-1, но на реванш пресметката во Марибор славеше минимално со 1-0, но мошне доволно за влез во групите од Лигата на шампионите.

Но, немаше расплетот на околностите на мечот во Марибор да биде онаков каков што беше доколку не беше неверојатниот 39 годишен голман Јасмин Хандановиќ кој во 89. Минута со една чудесна интервенција го сочува водството на својот тим.

Инаку, интервенцијата на Хандановиќ слободно можеме да кажеме дека вреди 15 милиони евра, онолку колку што Марибор ќе заработи за пласманот во групите од елитното европско клупско натпреварување.