24фудбал

Ливерпул не остави ништо на случајот со Хофенхајм, Спортинг на Ристовски го понижи романскиот вицепрвак на негов терен (ВИДЕО)

Комплетирани се квалификациите за пласман во групите од Лигата на шампионите по вечерашната втора рунда реванш натпревари од плејофот.

Лига на Шампиони

Ливерпул по триумфот на гостински терен со 1-2, дома славеше со 4-2 над Хофенхајм.

Домаќините стартуваа предобро на мечот на „Енфилд Роуд“ па со двата гола на Чан и оној на Салах уште во 21. Минута имаа водство од 3-0 со што уште во оваа фаза од натпреварот ги решија сите дилеми околу патникот во групите од Лигата на шампионите.

Ут подоцна намали на 3-1 и со овој резултат се замина на паузата. Во вториот дел Фирмино го доведе Ливерпул во водство и од 4-1 а конечните 4-2 ги постави Вагнер.







Од останатите средби ја бележиме и убедливата победа на Спортинг Лисабон на гостувањето кај Стеауа во Букурешт со 1-5, откако во првиот дуел во Португалија тимот на Стефан Ристовски одигра реми без голови.

Нашиот репрезентативец отпатува во Букурешт за вечерашната пресметка, но поради правилата не се најде во составот на португалскиот тим, од причина што веќе има настап за Ријека во квалификациите за Лигата на шампиони претходно.

Патници во групите од Лигата на Шампионите се уште и ЦСКА Москва, Карабах и АПОЕЛ.

 

Резултати од вечерашните реванш средби (во заграда се вкупните резултати):

ЦСКА Москва – Јанг Бојс 2:0 (3:0)

ФК Копенхаген – Карабах 2:1 (2:2)

Стеауа Букурешт – Спортинг Лисабон 1:5 (1:5)

Ливерпул – Хофенхајм 4:2 (6:4)

Славија Прага – АПОЕЛ 0:0 (0:2)


Фото-вест: uefa.com