24фудбал

Двајца Македонци во групите од Лигата на шампионите сезонава

Двајца македонски фудбалери ќе биде дел од групите во елитното европско натпреварување оваа сезона, барем таква е моменталната ситуација.

Македонија

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски оваа сезона ќе биде дел од групите во елитното европско клупско натпреварување заедно со неговиот нов клуб Спортинг Лисабон, каде премина ова лето.

Ристовски не настапи на реваншот во Букурешт вечерва, каде неговиот тим го прегази романскиот вицепрвак Стеауа на негов терен со 1-5, но беше со експедицијата на португалскиот тим за овој натпревар.

Како за потсетување, на првиот дуел и двете екипи ремизираа во меч без голови.

Нашиот фудбалер настапи во претходното квалификациско коло за неговиот поранешен клуб Ријека, а хрватскиот првак го мина австриски Салцбург, но во плејофот не успеа да го мине Олимпијакос по што ќе се задоволи со настап во групите од Лига Европа.

Ќе издвоиме и дека во групите од Лигата на шампиони ќе настапува уште еден фудбалер со македонско потекло, и тоа „најголемото откритие“ на словенечки Марибор, 22 годишниот талентиран фудбалер кој е со потекло од Охрид, Валон Ахмеди.


Марибор на реваншот триумфираше со 1-0 пред домашна публика против Хапоел Бер Шева, на гости загуби со 2-1. Ахмеди на првиот меч во Израел ги одигра сите 90 минути, додека на реваншот во Словенија играше се до 83. минута.

Ситуацијата со Ахмеди се уште не е решена околу тоа за која сениорска репрезентација ќе настапува, ова во моментов е отворено прашање, а дали „Куќата на фудбалот“ во нашата земја навремено ќе издејствува на оваа тема, останува да видиме во периодот кој претстои.

Повеќе за Ахмеди прочитајте – ТУКА.