24фудбал

Тотенхем го промовираше големото засилување од Ајакс

Тимот од Лондон и официјално го урна сопствениот рекорд во однос на засилувањата во својата клупска историја.

Англија

Англискиот вицепрвак го собори клупскиот рекорд во однос на трансферите, со оглед на тоа што во редовите на тимот на Маурисио Покетино пристигна колумбискиот дефанзивец, 21 годишниот Дејвинсон Санчез, и тоа за сума од 39 милиони евра.

Трансферот беше договорен уште пред неколку денови, а на официјализацијата се чекаше поради тоа што Санчез беше во исчекување на работната дозвола, која сега му беше доделена, по што беше претставен во јавноста како големо засилување за англискиот премиерлигаш.

Тотенхем за момент се најде во непријатна ситуација ова лето откако еден од клучните фудбалери на тимот од Лондон, дефанзивецот Дени Роуз јавно упати критики кон трансфер политиката на клубот во однос на засилувањата.