24фудбал

Штом е Руни покрај вас, тешко би пропуштиле прилика да се фотографирате, па дури и да сте полицаец... (ФОТО)

Првата ѕвезда на тимот од Ливерпул беше во фокусот на вниманието во Сплит.

Лига Европа

Утречевер со почеток од 21,00 часот ќе се случи вистински фудбалски спектакл пред полни трибини на „Пољуд“ во Сплит, гостува англискиот премиерлигаш Евертон во реванш пресметката со Хајдук во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групите од Лига Европа.

Експедицијата на тимот од Ливерпул денес пристигна во Сплит, а тоа предизвика голем интерес кај тамошната јавност, најинтересен момент хрватските медиуми уловија момент кога полицаец успеа да се фотографира со Вејн Руни, фудбалерот кој денес објави дека става крај на репрезентативната кариера.

Додека големата ѕвезда на „Карамелите“ се качуваше во автобусот, полицискиот службеник не пропушти шанса брзо да реагира и да го овековечи тој момент со селфи со англиската фудбалска ѕвезда.

Како за потсетување, Евертон има предност од 2-0 по првиот дуел на домашен терен.