24фудбал

Голем потег на Меси: Му нареди на обезбедувањето да го донесат момчето кое сакаше да се слика со него (ВИДЕО)

Влегувајќи во хотелот во Монтевидео, Меси здогледа едно момче кое сакаше да се слика со него, детето беше избркано од обезбедувањето, Аргентинецот го виде тоа, застана и побара да го донесат.

Јужна Америка

Голем потег на Лео Меси кој усреќи едно момче кое го оствари сонот да се слика со големата фудбалска ѕвезда.

Меси го виде момчето, застана и му нареди на обезбедувањето да го донесат кај него.

Аргентина во Уругвај игра квалификациски меч. А момчето заедно со својот татко поминало дури 2.222 километри за да дојде до својот идол.