24фудбал

Италијански Тутомеркато со оценка за изданието на нашите фудбалери против Албанија, тројца се издвоени за најдобри!

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ремизираше со Албанија (1-1) во Струмица, во дуелот од квалификациите за СП Русија 2018.

Македонија

Со насловот „Евергрин Пандев, Трајковски го реши натпреварот“, италијански Тутомеркато го оцени настапот на нашите фудбалери, а истовремено и на гостинската селекција.

Во нашиот табор најдобри оценки добија Ристовски, Ристевски и Пандев со по оценка 6.5 , по нив следеа Велкоски, Несторовски и Спировски со по 6, односно Алиоски, Барди и Муслиу со по 5.5, најслаби оценки добија голманот Димитриевски, како и Николов со по 5.

Горан Пандев: Беше број еден опасност кон одбраната на Албанија, тој прави одлична работа со завршницата, но често го покажува својот карактер и постојано го пронаоѓаше Бериша подготвен, кој постојано му велеше НЕ. Евергрин.

Стефан Ристовски: Неколку добри натпревари, сите во краток период. Неговите нафрлања секогаш се опасни.

Кире Ристевски: И покрај неговата улога во дефанзивната линија, секогаш е најголемиот проблем за спротивната дефанзивна линија.


Истиот медиум ги оцени и гостите, каде сосема очекувано најдобри оценки со по 6.5 добија голманот Бериша и Роши, стрелецот на водечкиот гол за Албанија, но и фудбалерот кој играше со рака во казнениот простор по што дојде пеналот за Македонија, во кој сигурен реализатор беше Трајковски.

 

Извор: tuttomercatoweb.com

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал, Македонија - Албанија)