24фудбал

Македонија добива шанса како никогаш досега, УЕФА ги претстави групите од Лигата на нации

Македонија добива можност за пласман на едно големо репрезентативно натпреварување во сениорска конкуренција, поточно претстојното Европско првенство во 2020. година.

Македонија

Тоа што се најавуваше подолг период, сега е пред реализација, УЕФА од септември идната година ќе организира ново натпреварување под името „Лига на нации“, кое треба да го замени периодот на пријателските натпревари во текот на репрезентативните термини кои се достапни за сите селекции.

Според информациите, учество ќе земат 55 репрезентации, поделени во четири лиги (во однос на квалитетот, „А“ „Б“ „Ц“ и „Д“), а сето тоа ќе се изврши по крајот на квалификацискиот циклус за СП Русија 2018, идниот месец. Секоја лига ќе биде сочинета од по четири подгрупи, а победниците од истите ќе играат во плејоф рундата, евентуален успех во оваа фаза значи и пласман на Европското првенство во 2020. година.

Нашата најдобра фудбалска репрезентација, во моментов е рангирана во најслабо рангираните селекции по квалитет, поточно во лигата од групата „Д“.

УЕФА веќе го објави моменталниот распоред на националните тимови, а Македонија според моменталната ситуација е сместена во групата „Д“, а оваа лига е составена од селекциите на Белорусија, Литванија, Грузија, Ерменија, Фарските Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Андора, Лихтенштајн, Малта, Косово, Гибралтар и Сан Марино.

Еве како би изгледало групирањето на Лигата на нации, доколку истото се одлучи според моменталното рангирање...

Натпреварувањето нуди можност помалите селекции да изборат пласман на едно големо натпреварување, како што е претстојното Европско првенство, кое сега ќе биде проширено на 24 партиципанти а ќе се одржи во 13 земји.

Македонија со евентуална победа во својата група од лигата добива можност да игра во плејоф фазата од лигата „Д“ кое со евентуален успех носи пласман на Европското првенство, а плејоф рундата е предвидена да се одигра во март 2020. година.


Тоа што радува од целиот формат на ова натпреварување, е фактот што пласман на следното Европско Првенство ќе избори по една репрезентација од секоја лига, победниците од секоја подгрупа ќе се борат за освојување на својата Лига, а воедно и со самото тоа за пласман на Европското првенство. Првопласираните селекции ќе прогресираат во посилна лига, додека последнопласираните од секоја лига ќе бидат префрлени во понизок ранг.

 

Извор: uefa.com

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал, Македонија - Албанија)