24фудбал

Си заминувате без да се поздравите? Добро... (ВИДЕО)

Германскиот стратег од клупата на Ливерпул имаше интересна реакција кон делителите на правдата на дербито во Премиерлигата.

Англија

Ливерпул со тежок пораз од 5-0 се враќа од гостувањето кај Манчестер Сити, во дербито на четврото коло од англиската Премиерлига.

Интересна ситуација уловија камерите по крајот на мечот, каде Јирген Клоп тргна да се поздрави со судиите од мечот, кои веќе тргнаа накај тунелот, германецот најнапред им подаде рака, а потоа гестикулираше во смисла на тоа дека „штом не сакате да се поздравиме, во ред е“...