24фудбал

Во Скопје и дефинитивно доаѓаат навивачите од Санкт Петерзбург, а нив ги бие лош глас низ фудбалска Европа

Зенит ги извести своите навивачи за процедурата околу аплицирањето на влезниците за дуелот во Скопје.

Македонија

Вардар во четврток ја почнува својата голема авантура низ фудбалска Европа, на домашен терен го пречекува руски Зенит во првото коло од групата „Л“ од Лига Европа, а според информациите кои пристигнуваат од Санкт Петерзбург, во Скопје дефинитивно ќе има и гостински навивачи.

Официјалниот клупски сајт на рускиот тим ги извести своите фанови за процедурата околу аплицирањето на билети за претстојниот меч кој ќе се одигра во Скопје. Цената на влезници за гостинските навивачи изнесува околу 600 денари.


Меѓудругото, во информацијата на клубот до своите навивачи, стои дека нивните билети ќе можат да се преземат во клупските простории на тимот од Санкт Петерзбург, за нивниот сектор кој ќе биде определен на арената во Скопје, нема да има билети на продажните места низ нашиот главен град.

Навивачите на Зенит се едни од оние кои не ги бие добар глас низ фудбалска Европа, па се чини дека за мечот во четврток ќе има посебни безбедносни мерки на Арената, дополнително за гостинските навивачи. Засега нема информации за тоа колкава ќе биде бројката на гостинските навивачи.

Што се однесува пак во однос на „историјатот“ на навивачите на тимот од Санкт Петерзбург, тие се познати како екстремна фракција, имаат учество во разни инциденти, а познати се по ставот во тимот да настапуваат само белци.

Од неколкуте казни и суспензии кои рускиот тим ги доби поради нивните инциденти, ги издвојуваме следниве...

Пред само три сезони Зенит доби парична казна од 15,000 евра поради тоа што нивните навивачи го запалија германското знаме сред Дортмунд, притоа УЕФА во една прилика дури и затвори една секција на нивниот стадион поради расистички транспарент на натпревар против Австрија Виена.