24фудбал

Едерсон го покажа лицето, изгледа грозно (ФОТО)

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон ги извади фластерите од лицето и ги покажа исекотините добиени од опасниот старт на Садио Мане.

Англија

Едерсон пред време го заврши дербито против Ливерпул откако Мане стартуваше опасно со копачка во неговото лице.

Голманот беше префрлен во болница, а фудбалерот на Ливерпул доби црвен картон.

Неколку дена по настанот, Едерсон го покажа лицето кое му го „нашминка“ Мане. Голманот е шиен на неколку места, а може да му остане и некоја лузна.