24фудбал

Причината поради која Казорла не се најде на тимската фотографија на Арсенал...

Топчиите направија клупска фотографија, но на истата беше изоставен Шпанецот, веќе се познати и причините зошто дојде до таква ситуација.

Англија

Санти Казорла се рехабилитира од повредата со која се здоби, а истата го оддалечи од фудбалските терени на подолг период.

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите на Островот, се вели дека Шпанецот добил дозвола од клубот да оди на лекарски прегледи во својата земја, па со тоа не бил во можност да се најде на клупската фотографија, што примами многу заинтересираност за причината.

Фудбалерот од средниот ред нема настап од октомври ланската година, овој период ги бележи последните фази на рехабилитацијата, а стратегот од клупата на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека Казорла ќе се врати на стартот од идната година.

Инаку, вообичаено, местото на Шпанецот во тимската фотографија на Арсенал беше помеѓу Озил и Мертесакер.