24фудбал

Дали веќе го имаме голот на вечерта? Запакоста со ремек дело против Карабах! (ВИДЕО)

Италијанецот полека но сигурно ја оправдува довербата кај Антонио Конте, Запакоста го постигна деби голот во дресот на Челси, а тоа го направи на перфектен начин.

Лига на Шампиони

Десниот бек на англискиот првак Челси, 25 годишниот Италијанецот Давиде Запакоста постигна фантастичен погодок за својот тим во 30. минута од мечот против Карабах на домашен терен, за водство од 2-0, во првото коло од групата „Ц“ од Лигата на шампионите.