24фудбал

Јунајтед убедлив, Мурињо незадоволен: Не смееме да играме како на Плејстешн

Манчестер јунајтед со 3-0 го победи Базел, но Жозе Мурињо има многу забелешки за своите фудбалери за играта во второто полувреме.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо во голем стил се вратија во Лигата на шампионите откако лесно со 3-0 го победија Базел на Олд Трафорд.

„До 2-0 бевме стабилни, игравме со самодоверба“ - вели Мурињо по мечот.

„По 2-0 се се промени, престанавме да играме сериозно, престанавме да носиме важни одлуки. Се ставивме во незгодни позиции. Игравме фантази фудбал, Плејстејшн фудбал. Со финти и трикови, не ми се допаѓа тоа. Се коцкавме, треба да имате почит кон противникот. Губевме топки во лесни ситуации, им дозволивме да создадат шанси, за среќа не реализираа па дадовме трет гол. Не ми се допаѓа тоа, фудбалерите беа премногу релаксирани“.