24фудбал

Нови проблеми за Анчелоти, бесниот Рибери го фрли дресот (ВИДЕО)

Ниту победата од 3-0 над Андерлехт не му дава многу причини за радост на Карло Анчелоти, Италијанецот го навлече бесот на искусниот Франк Рибери

Германија

„Баварците“ поминуваат низ тешки моменти, а во соблекувалната се појави нов бунтовник. По Роберт Левандовски и Томас Милер, сега нов инцидент направи Франк Рибери.

Искусниот Французин беше бесен на одлуката на Карло Анчелоти да го извади во завршницата од дуелот со Андерлехт во Лигата на шампионите, па го фрли дресот кога се упати кон клупата за резерви.

„Разбирам дека може да биде бесен и дека сака да игра 90 минути, но не ја разбирам неговата реакција – рече по крајот на натпреварот тренерот на Баерн Минхен.

„Имаше уште десет минути до крајот, тој веќе имаше жолт картон па сакав да го заштитам и да му дадам мал одмор. Исто така, во неделата се пожали на ситна повреда.

Германците се познати по строгите правила и веројатно Франк Рибери ќе биде казнет, во моментов инцидентот кратко го прокоментира само спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој порача: „Вакви работи не можат да се случуваат во Баерн Минхен.